мвр

42 санкционирани мотоциклисти на подрачјето на СВР Охрид

10.08.2023 12:03

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови...

Вчера во периодот од 16.00 до 22.00 часот на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници констатирале и санкционирале 42 прекршоци што ги направиле мотоциклисти (Охрид-17, Струга-15, Кичево-05, Дебар-05).

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да се придонесе за побезбедни патишта, информираат од МВР.