Македонија

На Меџитлија спречен обид за нелегален влез на лице од Јужноафриканската Република

10.08.2023 14:12

Царински службеници на граничниот премин Меџитлија откриле државјанка на Јужноафриканската Република, којашто илегално се обидела да ја внесе својата ќерка во Македонија во багажник од возило. Ова е прв случај на обид за илегален влез на ужноафрикански во земјава преку Меџитлија …

Царинската управа спречила обид за нелегален влез на лице од Јужноафриканската Република на граничниот премин Меџитлија. Царинските службеници на граничниот премин Меџитлија спречиле државјанка од Јужноафриканската Република, илегално да ја внесе во земјава својата ќерка во багажник од изнајмено возило со македонски регистарски таблички.

На 7-ми август, на Меџитлија, 57-годишната државјанка на Јужноафриканската Република која имала виза за влез, се обидела својата 23-годишна ќерка, без легален престој да ја внесе на македонска териоторија.

Случајот е предаден на полициската станица на граничниот премин Меџитлија од каде што се поднесени кривична пријави за илегален влез против двете државјанки на Јужноафриканската Република.

 

Ирина Гелевска