Македонија

Одбележани 22 години од загинувањето на осумтемина армиски резервисти кај Љуботенски бачила

10.08.2023 14:44

Делегација на кабинетот на претседателот Пендаровски положи цвеќе пред споменик-обележјата на загинатите Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски во Љубанци, Волково и во касарната „Илинден“ во Скопје...

Делегација на кабинетот на претседателот Пендаровски положи цвеќе пред споменик-обележјата на загинатите Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски во Љубанци, Волково и во касарната „Илинден“ во Скопје.

Министерката за одбрана Петровска и началникот на генералштабот, Ѓурчиновски, положија цвеќе на спомен-плочата во касарната „Илинден“ во Скопје, во Љубанци и во Волково, во спомен на осумтемина бранители и припадници на армијата кои животот го загубија кај месноста Љуботенски бачила во 2001-вата.

„22 години од гинењето на бранителите кај Љуботенски бачила. Хероите живеат вечно. Нивната жртва нема да биде заборавена“, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски.