Историски договор: Русија ќе ја снабува Кина со природен гас

21.05.2014 14:01

Русија бара алтернативен пазар за својот гас по можноста Европа да и воведе санкции поради Украина...

Кина и Русија го потпишаа историскиот договор за снабдување со природен гас што ќе почне да се применува за 4 години.

Надмината е главната пречка – цената, која уште не е позната официјалната цена, но се проценува на 400 милијарди долари и ќе покрива период од 30 години.

Русија бара алтернативен пазар за својот гас по можноста Европа да и воведе санкции поради Украина.