Македонија

Две лица загинаа, тројца се тешко повредени во верижен судир на четири возила кај Росоман

10.08.2023 15:28

Две лица загинаа, а тројца се тешко повредени во сообраќајна несреќа кај Росоман што се случи околу седум часот изутрина. Повредените се пренесени на ургентниот центар во Скопје. Еден од нив е на КАРИЛ…

Утрово во 06:30 часот, на магистралниот пат Градско-Прилеп после Росоман, кај местото наречено Камен Дол се случила сообраќајна несреќа во која учествувале два автомобили. Подоцна за да ја избегнат сообраќајката, други две возила меѓу себе сториле друга сообраќајка. Во несреќата има две лица починати на самото место, смрт констатирана од лекарски екипи на Итната помош од Кавадарци, како и тројца тешко повредени. Интервенирале три екипи на службата за Итна помош од Здравствен дом-Кавадарци.

Трите тешко повредени лица од општа болница Кавадарци, поради тежината на повредите биле префрлени во клиничкиот центар во Скопје. Увид на местото од сообраќајката направил јавен обвинител од Кавадарци и увидна екипа на ПС од Кавадарци, по што ќе бидат познати причините за несреќата.

Поради сообраќајната несреќа, патниот правец на релација Градско-Прилеп, од Росоман до Трстеник беше во прекин до 15 часот и сообраќајот беше пренасочен преку Манастирец.

Петар Печков