МВР
Приведени двајца крадци во Неготино, го признале делото
10.08.2023 16:01
Тие се сомничат дека на 07.08.2023 на ул.„Цандо Кожинков“ во Неготино ѝ одзеле чанта на Л.Н (61) од Неготино.

Денеска полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода К.Р.(21) и Д.Ѓ.(19), двајцата од Неготино.
Тие се сомничат дека на 07.08.2023 на ул.„Цандо Кожинков“ во Неготино ѝ одзеле чанта на Л.Н (61) од Неготино.
Во службен разговор во полициска станица тие го признале делото. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР.
