ЕВРОПА

Продолжува санирањето на штетите по поплавите во Словенија

10.08.2023 17:21

Земјата доби 400 милиони евра од Фондот за солидарност на ЕУ, дополнително се собираат средства и на отворените телефонски линии.

Продолжува санирањето на штетите по поплавите во Словенија. Земјата доби 400 милиони евра од Фондот за солидарност на ЕУ, дополнително се собираат средства и на отворените телефонски линии.

Бурата „Ханс“ пак, којашто погоди делови од Скандинавија и Балтикот, резултираше со излевање на реки и оштетување на патиштата. Делумно се урна браната на хидроцентралата на реката Глома.

Повеќе од 600 луѓе се евакуирани северно од Осло.