Кејн склон кон останување во Тотенхем, наместо да се приклучи на Баерн
10.08.2023 17:31
Денеска стана познато дека клубовите се договориле за трансфер на 30-годишниот напаѓач за повеќе од 100 милиони евра. Сега самиот играч мора да донесе одлука за својата иднина.

Англискиот фудбалски репрезентативец Хари Кејн сака да остане во Тотенхем и покрај интересот за него од страна на Баерн Минхен.
Денеска стана познато дека клубовите се договориле за трансфер на 30-годишниот напаѓач за повеќе од 100 милиони евра. Сега самиот играч мора да донесе одлука за својата иднина.
Според „Скај спортс“, фудбалерот е наклонет кон останување во англискиот клуб. Се вели дека договорот е далеку од завршен.
Договорот на Кејн со Тотенхем е до 2024 година.
