Следува нокаут рундата на СП во хокеј

21.05.2014 14:05

Со одигрување на 7 коло во двете прелиминарни групи на Светското првенство во хокеј на мраз што се одржува во Белорусија, завршија натпреварите во групната фаза. Шампионатот го продолжуваат по 4 најдобропласирани селекции кои ќе играат во четвртфиналето. Меѓу нив нема место за Словачка, која беше 5 – та во “А“ групата, како ни за актуелниот вицешампион Швајцарија, која заврши на истата позиција во “Б“ конкуренцијата. На нивно место меѓу осумте влегоа Франција и Белорусија.

Со одигрување на 7 коло во двете прелиминарни групи на Светското првенство во хокеј на мраз што се одржува во Белорусија, завршија натпреварите во групната фаза. Шампионатот го продолжуваат по 4 најдобропласирани селекции кои ќе играат во четвртфиналето. Меѓу нив нема место за Словачка, која беше 5 – та во “А“ групата, како ни за актуелниот вицешампион Швајцарија, која заврши на истата позиција во “Б“ конкуренцијата. На нивно место меѓу осумте влегоа Франција и Белорусија. Олимпискиот шампион Канада беше најдобра во првата група пред бранителот на светката круна Шведска, а Русија во втората група беше лидер пред хокеарите на САД. Статусот меѓу  елитната дивизија го загубија Италија и Казахстан, кои во своите групи завршија како последни. Завршницата ќе се игра во Минск, почнувајќи од утрешното четвртфинале.

Четвртфинални двојки : 

Канада – Финска

САД – Чешка

Русија – Франција

Шведска – Белорусија