Македонија

МВР: Приведен крадец во Битола, украденото вратено на сопственикот

10.08.2023 17:45

Лицето е лишено од слобода, а пронајдените предмети се вратени на сопственикот.

Денеска од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола извршен е претрес на ул. "Ваташа"во Битола во дом и простории кои ги користи Г. Т. (41) од Битола, при што пронајдени се предмети кои биле одземени при извршено кривично дело тешка кражба.

Лицето е лишено од слобода, а пронајдените предмети се вратени на сопственикот. По документирање на случајот, против Г.Т. ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштуваат од МВР.