ИН МЕМОРИАМ

Почина актерката Катина Иванова

10.08.2023 19:24

Иванова беше актерка која повеќе од четири децении беше дел од Македонскиот народен театар. Беше мајстор на сценска интерпретација, со истакнат сценски говор, и посебно специфичен и топол сензибилитет.

„Со огромно жалење ја споделуваме веста за заминувањето на големата Катина Иванова. Замина нашата колешка Катина Иванова“, соопштија од Македонскиот народен театар.

Иванова беше актерка која повеќе од четири децении беше дел од Македонскиот народен театар. Беше мајстор на сценска интерпретација, со истакнат сценски говор, и посебно специфичен и топол сензибилитет.

Катина Иванова беше насмеана и префинета личност, постојан гледач на претставите, поддржувач на актерите, извонреден пријател и човек, соопштија од Македонскиот народен театар.