Гвардиола за тројната круна на Манчестер сити: Ќе биде невозможно да се повтори
Минатата сезона „граѓаните“ станаа шампиони на Англија, го освоија Купот на земјата и Лигата на шампионите.

Тренерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола, е убеден дека ќе биде невозможно да се направи уште една тројна круна.
Минатата сезона „граѓаните“ станаа шампиони на Англија, го освоија Купот на земјата и Лигата на шампионите.
Ова се случува еднаш во животот. Ќе биде невозможно да го направиме она што го направивме минатата сезона. Минатата сезона се искачивме на највисоката планина, но во последните два дена се спуштивме од неа и сега почнуваме повторно. Сите имаат иста намера, а ќе имаме многу пречки на патот до врвот на планината. Нашиот фудбал, нашето ниво, нашиот менталитет ќе одредат каква ќе биде сезоната, изјави Гвардиола за „Би-би-си“.
