Временска прогноза

Сончево со мала до умерена облачност

11.08.2023 08:10

Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 23 до 32 степена. УВ индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 28 степени.