Зголемена фреквенција на возила на граничните премини „Табановце“ и „Богородица“
На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информираат од АМСМ. На ГП „Табановце“ се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез и излез од државата е околу 30 минути, а на ГП „Богородица“ време на чекање за излез од државата е околу 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
На магистралниот пат А-3 кај с. Очипала на патниот правец Македонска Каменица-Делчево, сообраќајот се одвива наизменично во една коловозна лента за сите видови на возила, соопштува АМСМ.
