мвр

Приведено лице од Битола за издржување казна затвор во времетраење од 2 години и 5 месеци

11.08.2023 09:51

За него била издадена наредба од Основен суд Кичево со која се барал за издржување казна затвор во траење од две години и пет месеци...

Денеска на ул. „Партизанска“ во Битола, од страна на криминалистичката полиција на СВР Битола, приведен е Б.С.(36) од Битола. За него била издадена наредба од Основен суд Кичево со која се барал за издржување казна затвор во траење од две години и пет месеци.

Лицето е спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Битола, информираат од МВР.