„ЕКОВАС“ е за дипломатско решение на кризата во Нигер
На итниот состанок во Абуџа, ЕКОВАС истакнаа дека дипломатијата треба да биде приоритет во решавањето на кризата...

Западноафриканските лидери предлагаат да ги испробаат сите дипломатски средства за брзо враќање на уставната влада во Нигер, вклучително и дијалог со водачите на државниот удар. На итниот состанок во Абуџа, ЕКОВАС истакнаа дека дипломатијата треба да биде приоритет во решавањето на кризата.
„Исходот од овој самит е доказ за моќта на соработка и единство. Ја потврдивме нашата посветеност на народот на Нигер и на напредокот на целата наша заедница. Ниту една опција не е симната од маса, вклучително и употребата на сила како последно средство“, изјави Бола Ахмед Тинубу, претседател на Нигерија.
Во меѓувреме, хунтата во Нигер формираше влада и се закани дека ќе го убие соборениот претседател Мохамед Базум доколку земјите во регионот се обидат да направат каква било воена интервенција.
