УКРАИНА

Украина подготвува доктрина за трансформација на земјата по војната

11.08.2023 10:12

Украина мора да ја искористи историската можност за развој по завршувањето на војната со Русија, вели Зеленски...

Администрацијата САД побара од Конгресот повеќе од 13 милијарди долари за нови воени трошоци за Украина. Украина мора да ја искористи историската можност за развој по завршувањето на војната со Русија, вели Зеленски. Украинската доктрина на која се работи во моментов би била основа за трансформација на земјата.

„Не ја забораваме нашата главна цел – да победиме во војната и да не ја изгубиме нашата земја. Подготвуваме повеќе одбранбени пакети за нашите војници и повеќе заштитни системи за целото украинско општество, вклучително и системи за противвоздушна одбрана“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Во меѓувреме, Русија ги интензивира нападите во североисточниот регион Харков. Украина пак, сега напаѓа на јужниот фронт. Во гранатирање на регионите Харков и Запорожје загинале две лица. Во нападот на хотел во Запорожје најмалку 16 лица се повредени, меѓу кои и четири деца.