Русија
Русија ја лансираше „Луна 25“ - првата мисија кон месечината
11.08.2023 10:21
Русија ја лансираше „Луна 25“ – првата мисија кон Месечината, по пауза од 47 години.

Русија ја лансираше „Луна 25“ – првата мисија кон Месечината, по пауза од 47 години. Москва се обидува да биде првата нација што ќе направи слетување на јужниот пол на Месечнината, соопшти руската вселенска агенција Роскосмос. Се очекува вселенското летало да ја допре Месечината на 21 август. Руската лунарна мисија, е во трка со Индија, која минатиот месец го лансираше своето лунарно летало.
Во поширока конкуренција се и САД и Кина кои имаат напредни програми за истражување насочени кон јужниот пол на природниот сателит на Земјата.
