МВР

Изречени 400 санкции за сообраќајни прекршоци на територијата на цела држава

11.08.2023 11:38

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 08.00 до 12.00 часот од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на цела држава...

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 08.00 до 12.00 часот од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на цела држава, при што изречени се 400 санкции за сообраќајни прекршоци.

Како што соопштуваат од МВР, при контролата, санкционирани се седум возачи за неовластено вградување и користење на уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци, а шест возила биле со неисправен уред за сопирање, 17 санкции поради бесправно управување на возилото, шест за возење без возачка дозвола.

На вонреден технички преглед биле упатени 62 возила, а кај 11 биле констатирани технички неисправности.