ЕКВАДОР
Уапсени шестмина Колумбијци за атентатот на еквадорскиот претседателски кандидат
11.08.2023 12:02
Продолжува истрагата по убиството на кандидатот за претседател на Еквадор, Фернандо Вилависенсио. Во земјата е тридневна жалост и прогласена е вонредна состојба од 60 дена...

Продолжува истрагата по убиството на кандидатот за претседател на Еквадор, Фернандо Вилависенсио. Шестмината странски државјани кои беа уапсени се Колумбијци, седмиот осомничен, кој им подлегна на повредите по престрелка со полицијата, исто така бил од Колумбија.
Во земјата е тридневна жалост и прогласена е вонредна состојба од 60 дена. Властите наредија и итна мобилизација на вооружените сили.
Атентатот доаѓа во време кога Еквадор е со влошена безбедносна криза поттикната од шверцот на дрога и војната меѓу ривалските криминални организации.
