Македонија- домаќин на регионална конференција за реформите во кривичниот закон

21.05.2014 14:15

Експерти и раководители на оддели разменија искуства за потешкотиите што ги имаат при примената на новиот закон за кривична постапка...

Македонија е домаќин на Регионалната конференција на тема „Кривично-правна реформа: предизвици, трендови и промени во кривична постапка“. Експерти и раководители на оддели разменија искуства за потешкотиите што ги имаат при примената на новиот закон за кривична постапка.

„Новиот систем на кривична постапка е под влијание  на модерните европски трендови, особено на институтите од американскиот систем. Воведува зајакната улога на јавниот обвинител, обезбедување  ефикасна кривична постапка преку ослободување од санкции и истовремено гарантирање на еднаквоста на оружјето и особено правата на обвинетиот во постапката“, изјави директорката на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, Анета Арнаудовска по отворањето на Конференцијата.

Со новиот ЗКП кој беше донесен во ноември 2010 година, а стапи на сила на 1 декември 2013 година, како што рече Арнаудовска, се врши редефинирање на улогата на учесниците во казнената постапка, институционално јакнење на јавното обвинителство, како и поедноставување на редовната судска пракса преку примената на забрзаните постапки.