Академијата за судии и јавни обвинители именувана по Павел Шатев
Академијата го додаде името на истакнатиот правен аналитичар, публицист, доктор на правни науки и првиот министер за правда во повоена Македонија, Павел Шатев...

Академијата за судии и јавни обвинители минатата недела е именувана по првиот министер за правда во повоена Македонија „Павел Шатев“.
„Со гордост во својот назив Академијата го додаде името на истакнатиот правен аналитичар, публицист, доктор на правни науки и првиот министер за правда во повоена Македонија, Павел Шатев“, изјави директорката на Академијата, Анета Арнаудовска по отворањето на Конференцијата за реформите на кривичниот систем во регионот.
Арнаудовска посочи дека Шатев се залагал за соработка на сите држави во регионот. Високата правна и политичка култура на Шатев, а особено неговите заложби во соработка помеѓу сите држави во регионот и на сите националности за соработка без исклучок претставува инспирација за сите сегашни и идни генерации на судии и јавни обвинители, истакна директорката на Академијата.
