И после осум месеци, лицата со дијабетес без соодветна терапија
Дијабетичарите испратија протестно писмо до Министерството за здравство револтирани дека осум месеци немаат инсулински игли, ленти и апаратчиња за мерење шеќер. Најавија дека ќе поведат правна постапка со којашто ќе бараат обесштетување. Според здружението иако била набавена антидејабетската терапија не била достапна за пациентите. Во државава има над 135 илјади лица со дијабет...

Трпението на лицата со дијабетес ги надмина границите на чекање, па тие со протестно писмо реагираа до Министерството за здравство. Велат дека голем е нивниот револт и гнев, што осум месеци немаат инсулинска игла, апаратчиња за мерење шеќер, ленти. Иако потенцираат дека антидијабетната терапија била набавена и е во земјава, истата не била достапна до пациентите.
Посочуваат дека според последниот извештај на Институтот за јавно здравје, само минатата година новодијагностицирани биле 7.460 пациенти во земјава, а вкупниот број на евидентирани случаи со дијабетес во државата е 135.690. Од Сојузот на здруженија на дијабетичари велат дека нема да протестираат повеќе, туку ќе водат правна постапка против Министерството за здравство што не им обезбедува потребната анти инсулинска терапија.
На поставеното прашање до Министерството за здравство, зошто и покрај ветувањата се доцни со испораката на антидијабетската терапија, одговор засега нема.
Петар Печков
