Извлекувањето на „Фискална во рака- награда без мака“ во вторник на МРТ1
Во шестото коло од наградната игра ќе се извлекуваат 150 вредносни ваучери и главна награда автомобил „Фолксваген поло“...

Шестото извлекување од наградната игра „Фискална во рака – награда без мака“ ќе се одржи во вторник, на 27 мај, наместо во понеделник со директен пренос на Македонската радио телевизија од 20 часот.
Причината за тоа е, како што соопшти Државната лотарија на Македонија, е одржувањето на големиот хуманитарен концерт „Да се обединиме во хумананоста“, за помош на погодените региони од поплавите, кој ќе емитува на Македонската радио телевизија во понеделник од 19 часот.
Во шестото коло од наградната игра ќе се извлекуваат 150 вредносни ваучери и главна награда автомобил „Фолксваген поло“.
Неизвлечените коверти, како и пликоата од досегашните извлекувања ќе учествуваат во седмото коло на 30 јуни, кога покрај редовните награди, ќе се додели и стан и деловен простор.
