Воен конфликт

Во Украина досега се вратени 385 деца депортирани во Русија

11.08.2023 19:30

Меѓународниот кривичен суд во март издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин за воено злосторство „незаконско депортирање деца“.

Вкупно 385 украински деца депортирани во Русија досега се вратиле кај своите семејства, покажува бројката што денеска ја потврди здружението СОС Детско село, кое учествува во репатријацијата на децата.

Во Украина досега се вратени вкупно 385 депортирани деца, од кои 84 со помош на СОС Детско село и нивните партнерски организации, соопшти оваа невладина организација, една од трите актери кои работат на ова поле.

Меѓународниот кривичен суд во март издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин за воено злосторство „незаконско депортирање деца“.

Според официјалните податоци од Киев, во Русија се депортирани над 19.000 украински деца.