Временска прогноза
Сончево со мала до умерена облачност
12.08.2023 08:34
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната од 25 до 33 степени...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието на места ќе засилува. Во јужните делови локално со зголемена облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната од 25 до 33 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а повремено и засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 30 степени.
