Хаваи
Се истражуваат причините за пожарите на Мауи
12.08.2023 09:23
Големи делови од областа се уништени во пожарите кои се најсмртоносната природна катастрофа во државата во последните децении. Најмалку три шумски пожари избувнаа на Мауи оваа недела...

Сè уште се истражува што го предизвика смртоносниот шумски пожар кој го зафати градот Лахаина на островот Мауи. Десетици луѓе загинаа. Големи делови од областа се уништени во пожарите кои се најсмртоносната природна катастрофа во државата во последните децении. Најмалку три шумски пожари избувнаа на Мауи оваа недела.
Според противпожарната служба брзината на пожарот ја отежнува комуникација со итната служба која издава наредби за евакуација во реално време. Има прекини и во мобилната телефонија.
