Сообраќај

МВР: 174 санкционирани возачи во Скопје, 38 за брзо возење

12.08.2023 09:27

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 174 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 38 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 13 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.

Изречени се 10 мерки за непочитување на првенство на минување, седум санкции за возење под дејство на алкохол, пет мерки за користење мобилен телефон при возење.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта, информираат од МВР.