Нигер

Поддржувачите на Базум молат за неговиот живот

12.08.2023 09:50

Базум со своето семејство се наоѓа во подрум на претседателскиот комплекс, без храна, струја и гас за готвење...

По речиси три недели апел до САД и сојузниците за помош за враќање на претседателот на Нигер, Базум, на власт, пријателите и поддржувачите на демократски избраниот лидер упатуваат едноставна молба за неговиот животот. Базум со своето семејство се наоѓа во подрум на претседателскиот комплекс, без храна, струја и гас за готвење. Близок соработник кој секојдневно разговара со уапсениот водач рече дека планот на шефот на хунтата е да го изгладни до смрт. Истакна и дека светот не треба да го толерира тоа. 

Базум не е виден во јавноста од 26-ти јули, кога воени возила ги блокираа портите на претседателската палата.