БОСИЛОВО

Швајцарската општина Фриборг донираше возила и опрема за Босилово

12.08.2023 11:13

Општина Босилово доби донација од швајцарската општина Фриборг од возила и канти контејнери за отпад во висина од 80 илјади швајцарски франци. Станува збор за донација што е иницирана од иселениците од Босилово кои живеат и работат во Фриборг Швајцарија …

На иницијатива на иселениците кои живеат во Швајцарија, тамошната општина Фриборг донираше возила и опрема на Општина Босилово во вредност од околу 80 илјади швајцарски франци. Донираа камион, метларка, патнички возила садови за отпад кои ќе бидат искористени за потребите на Општината и ЈП Огражден во Босилово.

За првиот човек на Босилово Ристо Манчев со донацијата значително ќе се подобрат капацитетите на комуналното претпријатие Огражден за испорака на квалитетни услуги кон сите домаќинства. Како рурална општина немаат доволно пари за обнова на возниот парк кој е со застарена механизација.

Инаку Комуналното во Општина Босилово добија ново возило за собирање и транспорт на комуналниот отпад од Јапонската амбасада.

 

Ване Трајков