Безусловно раскинување на договорите со Бугарија и со Грција, побара Светскиот македонски конгрес
Безусловно раскинување на договорите со Бугарија и со Грција, побараа од Светскиот македонски конгрес. На 33-тото Генерално собрание повикаа да не се изгласаат уставните измени со влез на Бугарите во Преамбулата …

На 33-тото Генерално собрание на Светскиот македонски конгрес побарано е безусловно раскинување на договорите со Бугарија и со Грција и резолуција против впишувањето на Бугарите во Уставот.
Македонците коишто живеат во странство велат дека името на државата е Македонија и се противат на Северна Македонија. Во дијаспората според нив, има 4-5 пати повеќе Македонци коишто си ги бараат своите права.
Нашинците од странство побараа формирање на Министерство за дијаспора за вистински партнерски однос со иселениците и спречување на масовното иселување од земјата.
Светскиот македонски конгрес усвои резолуции за македонскиот јазик, за македонско државјанство и избирачко право на македонските државјани во странство, за Илинденското востание и Гоце Делчев.
Ирина Гелевска
