Пораки пред клучната недела за уставните измени
На Меѓународниот ден на младите, СДСМ со нов повик до ВМРО-ДПМНЕ да ги прифати уставните измени за да се отвори патот кон Европската унија. „Немаме време за губење“ – велат социјалдемократите. Од опозициската партија пак побараа власта да го објави текстот на Декларацијата за Илинден, која според нив, ја снемало од собраниските документи...

На 6 дена до Собраниската седницата за уставните измени, ставовите на власта и опозицијата и натаму се спротивставени. Време е за одлука-побрзо членство во ЕУ за нови перспективи за младите, ваква порака на Меѓународниот ден испрати владејачката СДСМ. Од партијата со повик до сите пратеници да ја обезбедат европската перспектива со глас за промени во Преамбулата, оти како што велат младите немаат време за губење.
Од ВМРО-ДПМНЕ пак бараат власта да го објави текстот на Декларацијата за Илинден, документ кој ќе дефинира рамки на позиции по кои мора да постапуваат сите надлежни институции во преговорите со ЕУ. Од опозициската партија прашуваат дали се вршеле притисоци за Декларацијата да не биде објавена.
Новоформираната Европска демократска партија на поранешниот заменик-претседател на БЕСА – Аријанит Хоџа кој има еден пратеник во Собранието, ќе даде поддршка за уставните измени. Тој очекува промените во Преамбулата да се случат, во спротивно смета оти ќе се случи непосакувано сценарио за државата.
Владејачката коалиција бара поддршка за објавениот Манифест и за уставните измени. Декларацијата за Илинден СДСМ ја поднесе во Собранието на 28-ми јули. Првата пленарка за вметнување на Бугарите во Уставот е закажана на 18-ти август.
Викторија Милевска
