Нигер

ЕКОВАС ќе подготвува воена интервенција во Нигер

12.08.2023 15:04

Се подготвуваат планови за можна воена интервенција во Нигер. Најавена е средба на генералштабовите на вооружените сили на земјите од западна Африка. Поранешниот претседател на Нигер, Базум, со семејството се наоѓа во подрумот на претседателскиот комплекс, без храна, струја и гас за готвење. Според неговите приврзаници планот на хунтата е да го изгладнат до смрт...

Генералштабовите на вооружените сили на земјите од западна Африка во наредните денови на средба за подготвување на плановите за можната воена интервенција во Нигер. Две недели по соборувањето на претседателот Базум во седмиот државен удар во последните три години, ЕКОВАС, нареди резервните воени сили да бидат во состојба на борбена готовност. Базум со своето семејство е во подрум на претседателскиот комплекс, без храна, струја и гас за готвење. Според негов близок соработник, планот на хунтата е да го изгладни до смрт.

„Тие веќе го убиваат. Тој гладува. Да се приведе шеф на држава кој е демократски избран и да се лиши од храна. Тоа е неприфатливо, нечовечко, сурово. Ова не треба да го толерира ниту една држава. Ги повикувам соединетите држави да направат сè што може за да запре оваа ситуација“, изјави Мамаду Киари Лиман-Тингири, амбасадор на Нигер во САД.

Во меѓувреме, илјадници демонстранти поддржувачи на пучот бараат заминување на странските војници.

„Не се согласуваме со Франција. Сакаме француските војници да ја напуштат нашата земја. Ова е Нигер, не Франција“. изјави демонстрант.

Според активисти за поддршка на војската штом блокот ќе го прифати раководството, војската ќе биде отворена за разговори за условите за можно ослободување на Базум кој не е виден во јавноста од 26-ти јули, кога воени возила ги блокираа портите на претседателската палата.

„Приказната за Базум е зад нас. Се е готово. Завршено е. Губење време и енергија е да се зборува за негово враќање назад. Не е можно. Мислам дека не е можно да се најде некакво решение за Тчиани и Базум да ја делат власта“, изјави Инса Гарба Саиду, координаторка на Кругот за размислување за демократијата.

Од Вашингтон оптимисти оти сè уште постои можност за дипломатско разрешување на состојбата во Нигер.

„Нигерискиот претседател ја повтори важноста да се даде приоритет на дипломатските преговори и дијалогот како основа на пристапот на ЕКОВАС. Сè уште сме фокусирани на дипломатските напори. Сè уште мислиме дека има простор за тоа, и сакаме да видиме дека ова ќе се реши мирно. И без насилство“, изјави Џон Кирби, портпарол на Белата куќа.

Претседателот Базум беше соборен со државен удар, а воената хунта одби да размисли за негово враќање.

 

Марина Ристова