Расмусен утре во посета на Македонија

21.05.2014 15:47

Во рамките на посетата на Регионот, Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмунсен, на 22 мај 2014 година ќе престојува во еднодневна работна посета на Република Македонија, соопштуваат од Министерството за надворешни работи.

За време на посетата, Генералниот секретар на НАТО ќе оствари средби со Претседателот на Владата Никола Груевски; Министерот за надворешни работи Никола Попоски и Министерот за одбрана Талат Џафери, како и со лидерот на ДУИ Али Ахмети.

На средбите, Генералниот секретар Расмусен ќе биде запознат со статусот на прогресот на Република Македонија, во однос на имплементацијата на реформските процеси во земјата, а со основна цел упатена кон целосна евроатлантска интеграција и забрзано остварување на членството во НАТО.