Нигер
Жителите на Нијамеј повикуваат на мир
13.08.2023 09:46
Меѓународната заедница изрази длабока загриженост за ситуацијата во Нигер и се обедини во поддршката на брзото обновување на демократијата...

Жителите на Нијамеј повикаа на мир додека продолжуваат да ескалираат тензиите меѓу новиот воен режим на Нигер и западноафриканскиот регионален блок кој нареди распоредување војници за да се врати нигериската демократија. Економски санкции на Нигер му воведоа и шефовите на државите на ЕКОВАС. Мерките беа преземени како одговор на соборувањето на претседателот Базум од страна на вооружените сили.
Меѓународната заедница изрази длабока загриженост за ситуацијата во Нигер и се обедини во поддршката на брзото обновување на демократијата.
