ОМД: Потребно е Министерство за дијаспора
Да се подобрат врските на земјава со иселениците, повикуваат од Обединетата македонска дијаспора. Бараат да се формира министерство, бидејќи сегашната Агенција не е доволна за одржување на конекциите, вели директорот на ОМД за Европа Јорданов …

Обединетата македонска дијаспора бара министерство за дијаспора оти Агенцијата за иселеници е за македонски државјани коишто од земјава се иселиле во странство, а во МНР постои Оддел за дијаспора којшто не е доволен. Со вакво министерство би се подобриле врските меѓу Македонија и дијаспората, велат од ОМД.
Од 2004-та, ОМД води стратегија за препознавање на македонската култура во Соединетите американски држави и активности за поддршка на македонската држава и граѓани, како воведување на безвизен режим за македонските граѓани во САД.
ОМД реализира проекти за младите генерации Македонци за запознавање со Македонија, со што ќе се зачуваат врските со татковината.
Ирина Гелевска
