Утре уште шест шлепери помош од Македонија тргнуваат за БиХ
Црвениот крст на РМ во текот на денешнот ден испрати 200 тони хуманитарна помош (пртетежо вода) од компанијата Тинекс за настраданото население во Србија, соопштуваат од оваа хуманитарна организација.
Утре од магацинот во Момин поток ќе тргнат 6 шлепери со по 20 тона хуманитрна помош за настраданото население во Босна и Херцеговина. Целокупната активност е во координација со Црвениот крст на Босна и Херцеговина и во координација со амбасадата на Босна и Херцеговина во РМ.

Оваа помош е дел од помошта обезбедена од индивидуални донации на граѓаните на РМ, донации од фирми и компании и залихите на Црвениот крст на РМ.
Логистичка поддршка за транспортот на хуманитарната помош дава Владата на РМ.
Од Црвениот крст соопштуваат дека во текот на вчерашниот ден беа собрани околу: 7 тони храна, 4 тони хигиена, 1.500 ќебиња, 42.000 литри вода, други намирници и останата материјална помош. А преку уплата на жиро сметка на Фонд на солидарност се собрани 1.188.560 денари, односно речиси 20.000 евра.