Нови руски гранатирања во Украина
Цел на непријателот-повторно цивилна инфраструктура, обвинуваат властите. Оштетени се студентски дом и супермаркет. По гранатирањето избија и неколку пожари. Киев се закани со „праведна одмазда“ за синоќешните напади во Херсон...

Најмалку три лица се повредени откако украинската противвоздушна одбрана спречила налет на руски воздушни напади врз пристанишниот град Одеса. Цел на непријателот-повторно цивилна инфраструктура, обвинуваат властите. Оштетени се студентски дом и супермаркет. По гранатирањето избија и неколку пожари. Киев се закани со „праведна одмазда“ за синоќешните напади во Херсон.
„Секаде нашите воини возвраќаат на окупаторскиот терор. Нема ниту еден ден руското зло да не ја добие нашата целосно правична одмазда. Имаше 17 пријави за гранатирање само во Херсон. Седум луѓе загинаа, меѓу нив и девојче од 22 дена“, изјави претседателот Зеленски.
Неговите изјави доаѓаат откако Министерството за одбрана на Москва обвини за украински гранатирања и напади со беспилотни летала на руска територија. Претходно руската морнарица испука предупредувачки истрели кон товарен брод во Црното Море што пловел кон Украина. Инцидентот се случува откако Русија минатиот месец се повлече од договорот за жито.
Германскиот канцелар Олаф Шолц се заложи за дипломатско решение за крај на војната во Украина, нагласувајќи дека сегашните разговори се многу важни и можат да овозможат мир.
