Македонија

Пензионерите на протест во Скопје

14.08.2023 08:40

Пензионерите бараат линеарно зголемување на пензиите, а минималната пензија да биде еднаква на минималната плата...

Пензионерите денеска ќе одржат протест во Скопје барајќи повисоки пензии.

Како што е најавено, тие прво ќе протестираат пред седиштето на Сојузот на здруженија на пензионери, а потоа ќе се упатат кон Министерството за труд и социјална политика каде ќе бараат средба со министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

Пензионерите бараат линеарно зголемување на пензиите, а минималната пензија да биде еднаква на минималната плата.

Изминатиот период, пензионерите протестираа во своите градови, а за денеска е најавен протестот во Скопје. Од Сојузот на здруженија на пензионери не се согласуваат со протестите.