Свет
Хаваи: Расте бројот на жртви од пожарите
14.08.2023 08:43
Екипи на терен се пробиваат низ јагленосаните објекти во потрага по тела...

Бројот на загинати во шумските пожари во Мауи се искачи на 93. Се очекува овој црн биланс и натаму да расте. Екипи на терен се пробиваат низ јагленосаните објекти во потрага по тела.
„Ова е ужасна глетка во Мауи. Тимовите тековно откриваат нови трагедии. Многу е тешко. Ја носиме целата сила на владата и правиме сè што можеме за да го ублажиме страдањето“, изјави Џош Грин, гувернер на Хаваи.
Катастрофата е најсмртоносниот шумски пожар во САД во повеќе од еден век.
