Свет

Северна Кореја го зголемува производството на проектили

14.08.2023 08:58

Одлуката следи по најавата на САД и Јужна Кореја за одржување на заеднички воени вежби наредната недела.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун нареди драстично зголемување на производството на проектили и муниција за да може земјата да добие „доминантна воена моќ“ и да биде подготвена за војна. Одлуката следи по најавата на САД и Јужна Кореја за одржување на заеднички воени вежби наредната недела.

„Планирано е да биде тешка, реална вежба за зајакнување на комбинираната одбранбена положба на способностите за одговор на алијансата врз основа на сценарија што одразуваат различни закани во безбедносната средина и лекциите научени од неодамнешните војни и конфликти“, изјави Исак Л. Тејлор, портпарол на американските сили за Кореја.

Пјонгјанг ги критикуваше воените вежби, велејќи дека тоа се „подготовки за војна“.