МВР

Казнети 435 возачи за брзо возење на територијата на цела држава

14.08.2023 10:14

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 435 возачи.

Од нив 44 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а девет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 224 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 211 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопштуваат од МВР.