Тешка сообраќајна несреќа кај Ранковце, еден загинат и тројца повредени
Автомобил ноќеска излетал од патот и се забил во банкината. Загинатиот возач, кој изгубил контрола над возилото, имал 21 година...

Еден загинат и тројца повредени патници во сообраќајна несреќа на патот Крива Паланка-Ранковце-Куманово. Автомобил ноќеска излетал од патот и се забил во банкината. Загинатиот возач, кој изгубил контрола над возилото, имал 21 година. Сопатниците со тешки повреди се хоспитализирани во Општата болница во Куманово.
„Од здобиените повреди, возачот И.М. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Додека, сопатниците Ј.С.(21), Х.С.(22) и М.С.(21), сите од Крива Паланка, се здобиле со повреди констатирани во Општа болница Куманово“, соопштија од МВР.
Увид на место на настанот извршила екипа од ОВР Крива Паланка.
