Култура
Во Прилеп се одржа шеснаесеттото „Поетско Маркукуле“
14.08.2023 12:06
Викендов во Прилеп се одржа шеснаесеттото „Поетско Маркукуле“, на кое учествуваа над 150 поети од земјава и од странство...

Викендов во Прилеп се одржа шеснаесеттото „Поетско Маркукуле“, на кое учествуваа над 150 поети од земјава и од странство. Главен организатор од 2019-та година е Клубот на литературни творци.
Од таму велат дека ваквите настани се од големо значење за промоција на македонската традиција и култура и дека во Зборникот кој традиционално се издава, учество зеле 220 поети, поделени во неколку категории, домашни автори, странски и автори од дијаспората, како и млади автори до 18 години.
