МВР
Претрес во Кавадарци, пронајдени различни видови дрога, приведен дилер
14.08.2023 12:10
На 13.08.2023, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода А.К.(38) од Кавадарци...

На 13.08.2023, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода А.К.(38) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени одземени марихуана, амфетамин, хероин, дигитална вага и метална дробилка.
Лицето било задржано во полициската станица во Велес и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, информираат од МВР.
