Здравство

Нов случај на конго-кримска хеморагична треска

14.08.2023 12:33

Се чекаат официјални информации од Клиниката за инфективни болести. Ова е трет регистриран случај, откако минатиот месец беше откриен кај 27-годишната штипјанка која почина брзо по дијагностицирањето на вирусот...

Нов случај на конго-кримска хеморагична треска, се чекаат официјални информации од Клиниката за инфективни болести. Ова е трет регистриран случај, откако минатиот месец беше откриен кај 27-годишната штипјанка која почина брзо по дијагностицирањето на вирусот.

На болничко лекување е болничарка од инфективната клиника која прима антивирусна терапија и според последните податоци е во стабилна здравствена состојба.

Во изолација се 11 лица кои имале контакт со заразената болничарка, од нив 10 се од потесното семејство.

Конго-кримската хеморагична треска се пренесува преку убод од заразен крлеж, а може да се пренесе и преку директен контакт со контаминирана крв. Болеста е смртоносна во 40 проценти од случаите и има брза прогресија.