Македонија
Пензионерите од повеќе градови на протест во Скопје
14.08.2023 13:14
Бараат линеарно зголемување на сите пензии за 3.500 денари, и покачување на најниската согласно со минималната плата. Велат дека моменталните примања не се доволни за пристоен живот...

Пензионерите од неколку градови на државата на протест во Скопје. Бараат линеарно зголемување на сите пензии за 3.500 денари, и покачување на најниската согласно со минималната плата. Велат дека моменталните примања не се доволни за пристоен живот. Тргнаа од пред здружението, побараа оставка од раководството, а револтот го изразија и пред Министерството за труд и социјална политика.
