Различни ставови на партиите за барањата на пензионерите
СДСМ постојано презема мерки и решенија за унапредување на животниот стандард на пензионерите-велат од владејачката партија. Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, со став дека стандардот на граѓаните паѓа, вредноста на платите, пензиите и другите примања на граѓаните е намалена...

СДСМ постојано презема мерки и решенија за унапредување на животниот стандард на пензионерите-велат од владејачката партија. Според нив откако е донесена оваа методологија за само 18 месеци од јануари 2022, до септември оваа 2023 година, пензиите ќе се зголемат за 26 отсто.
Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, со став дека стандардот на граѓаните паѓа, вредноста на платите, пензиите и другите примања на граѓаните е намалена.
Според опозициската партија, секојдневно се покачуваат цените во маркетите, и по 100 артикли на ден имаат поскапи цени.
