ЦУК

Нема активни пожари во земјава

14.08.2023 13:29

Според последните информации, по целовечерна борба на пожарникарите од Кавадарци и тим на Национални шуми, вториот пожар кај село Брушино рано утрово е локализиран.

Нема активни пожари во државава, информираат од Центарот за управување со кризи.

Според последните информации, по целовечерна борба на пожарникарите од Кавадарци и тим на Национални шуми, вториот пожар кај село Брушино рано утрово е локализиран.

Регионалниот центар за управување со кризи – Велес информира дека и вториот пожар кај село Брушино, Општина Кавадарци, реонот на кој вчера попладнето пожарникарите интервенираа во два наврати, е локализиран рано утрото во 04:00 часот откако цела ноќ гаснеле пожарникарите од ТППЕ Кавадарци и тимот на подружницата „Бор“ на ЈП „Национални шуми“.

Првата пријава дека има шумски пожар кај Брушино била добиена вчера попладне во 17:30 часот. Гореле нискостеблеста шума и сува трева