МВР: Викендов на подрачјето на Куманово изречени вкупно 137 санкции, 91 за брзо возење
Санкциониран е и едeн возaч поради пребрзо возење, односно во населено место во Куманово со радар му биле измерени 118 километри на час.

Во текот на изминатиот викенд полициски службеници од Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 137 возачи, од кои 91 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 23 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 12 за управување возило без возачка дозвола, 3 за нерегистрирано возило и 8 мотоциклисти за неносење заштитен шлем.
Санкциониран е и едeн возaч поради пребрзо возење, односно во населено место во Куманово со радар му биле измерени 118 километри на час.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопштуваат од МВР.
